Европски
атлетски митинг - Оломоуц, Чешка
(август 2005
г.)
Во периодот од 19 - 24 август во
Оломоуц, Чешка се
одржа уште една голема спортска
манифестација на ниво на Европа/
Евроазија - Европското првенство во атлетика.
На ова првенство меѓу 25 земји
учеснички, учество зеде и
репрезентацијата на Специјалната
Олимпијада - Македонија. Нашата
делегација ја сочинуваа 4 атлети (3
машки и 1 женско), 2 тренери и водач на
делегација, сите од СОМ Спортскиот
клуб при “Специјалниот завод” во
Демир Капија, кој е меѓу најактивните
клубови во РМ. Посебно е значајно да
се истакне дека овој пат нашата
Република ја претставуваа атлети со
умерени пречки во развојот.
Атлетите се натпреваруваа и ги
покажаа своите можности и
способности во 8 атлетски дисциплини.
По финалните натпревари нашите
репрезентативци се закитија со еден
златен и два сребрени медали. Ова е
еден огромен успех за СО Македонија,
а воедно и уште една потврда дека
хендикепот не е пречка за
постигнување на добри резултати и
социјализација и интеграција на овие
лица.
<
претходен настан
| галерија | нареден
настан >
|