|
Европско
првенство во кошарка, Белград
(септември 2005
г.)
Кошаркарската
репрезентација на Специјалната
Олимпијада - Македонија постигна
уште еден забележителен успех на
меѓународен план. На 2005 Европското
првенство во кошарка на Специјалната
Олимпијада, што се одржа од 6 до 11
септември во Белград, СиЦг, нашата
репрезентација освои златен медал во
својата група/дивизија, со што се
квалификува за погорната Б-дивизија
за следното првенство. Во
конкуренција од 23 земји од цела
Европа, ова е извонреден успех за нас.
Во финалните натпревари ги победивме
Шпанија со 24:6 и Луксембург, 16:12, а пред
тоа, во квалификациите изгубивме од
Турција.
Делегацијата на
Специјалната Олимпијада - Македонија
ја сочинуваа 13 лица: 9 атлети (од кои 1
помошник тренер), 1 главен тренер,
втор помошник тренер, водач на
делегацијата, како и кооординаторот
за кошарка кој беше учесник на
семинарот за кошарка. Важно е да се
истакне дека репрезентацијата на СО
Македонија беше составена од
спортисти од цела Македонија (Кавадарци,
Прилеп, Скопје и др.),
при што строго водевме сметка да се
почитуваат принципите и заложбите на
меѓународната Специјална Олимпијада
за рамноправно, пропорционално
учество на лицата со умерени пречки
во развојот (а, не само ”полесните”).
Заради доследното почитување и
спроведување на мисијата и
принципите, бевме посебно издвоени
од меѓународниот организациски
одбор и добивме посебна статуета на
СОЕА (Специјална Олимпијада Европа-Евроазија),
која ни ја врачи Директорот на СОЕЕА
од Брисел, Госп. Мајкл Смит. Во таа
пригода тој ги истакна успесите на
Специјалната Олимпијада Македонија
и експлицитно нагласи дека
Македонија треба да биде горда на
својата национална програма!
<
претходен настан
| галерија | нареден
настан >
|
|