|
Организација
Македонските Специјални Олимпијци (претходно Специјалната
Олимпијада Македонија), како дел од
големиот меѓународен ланец на Special
Olympics и со својата уникатна
програмска заложба, на територијата на
Република Македонија постои и работи
веќе пет години, покривајќи еден
многу важен општествено-социјален
сегмент, маргинализираните групи, со
посебен акцент кон лицата со
ментален хендикеп и други пречки во
развојот.
Своите
активности ги реализира како
непрофитабилна и невладина
организација каде што главни носечки
столбови се различен профил на лица-волонтери,
коишто доброволно го отстапуваат
своето време и знаење преточено во
извонредно висока свест, алтруизам и
хуманост.
Мисија
Нашата
основна заложба е, преку
организирање и оживотворување на
спортска обука и натпреварувања во
спортови од олимписки стил во текот
на целата година, наменети за деца и
возрасни со интелектуална
попреченост, да се обезбеди
континуирана можност за интеграција
и социјализација за, при тоа, да ја
развиваат својата физичка кондиција,
да искажат храброст, да
почувствуваат радост, да се
откриваат нивните потенцијали и да
ги искажат своите способности, да се
дружат повеќе со своите семејства, со
другите специјални натпреварувачи
во Специјалната Олимпијада и со
заедницата воопшто.
Цел
Нашата крајна
цел е да им се помогне на лицата со
интелектуална попреченост да
партиципираат како продуктивни и
почитувани членови во општеството, а
при тоа, нудејќи им фер можности, да
ги развиваат и демострираат своите
вештини и таленти преку спортска
обука и натпреварувања, како и
преземање на соодветни активности
насочени кон зголемување на јавната
свест за нивните способности и
потреби.
|
|