|     
            Special
            Olympics        
            Специјалната
            Олимпијада е формирана во 1968 г. од
            страна на госпоѓа Јунис Кенеди
            Шрајвер, како и со помош и под
            покровителство на Фондацијата Џозеф
            П. Кенеди јуниор, по што ова движење
            се прошири низ Соединетите
            Американски Држави и целиот свет. Во
            1988 г. беше потпишан договор меѓу
            Специјалната Олимпијада и
            Меѓународниот Олимписки Комитет за
            официјално признавање на
            Специјалната Олимпијада и
            одобрување на олимпиското
            партнерство. На тој начин
            практично се призна постоењето и
            работењето на Специјалната
            Олимпијада (СО), а со тоа се постигна
            договор за создавање партнерски
            односи на ниво на двете Олимпијади.    Денес СО е светски раширено движење
            активно во повеќе од 150 држави од
            целиот свет, со повеќе од 2.2 милиони
            активни учесници (крај на 2006 г.) и околу 750.000 волонтери,
            коишто безрезервно ги поддржуваат и
            помагаат сите активности на СО
            организирани ширум светот. Бројката
            на активни учесниици континуирано
            расте, очекувајќи наскоро да
            стигнеме до 3 мил (крај
            на 2010 г.).
 
            
             
                  
            На ниво на Специјалната Олимпијада
            годишно се одржуваат повеќе од 20.000
            натпреварувања организирани и
            реализирани од страна на повеќе од 200
            национални програми на СО.
            Натпреварувањата вклучуваат локални,
            национални, регионални и светски
            натпревари, турнири и игри.
             
             
            
             
                  
            Практичната реализација на
            зацртаните заложби е преку голем
            број на соодветно искреирани под-програми.
            Покрај многуте воспоставени, и на
            некој начин веќе „традиционални”
            иницијативи,
            една програмска содржина е воведена
            во поново време. Тоа е можноста за
            практикување на т.н. Unified
            Sports®
            (“Здружени спортови”) - иницијатива
            што нуди можност за формирање
            комбинирани тимови, составени од
            приближно еднаков број атлети на СО и
            други спортисти без интелектуална
            попреченост (наречени Партнери),
            коишто заеднички ќе тренираат и ќе се
            натпреваруваат во различни спортови.
            
             
             
            
             
                  
            
            Со оглед на тоа што ова е
            организација базирана на доброволци,
            Програмите на СО постојано и во
            конинуитет регрутираат волонтери од
            најразлични профили, како на пример:
            тренери и други спортски лица,
            различен вид на официјални лица, како
            и волонтери од други профили што се
            ставаат во функција на реализирање
            на активностите на лицата со
            интелектуална попреченост, со оглед
            на тоа што самата СО е пред сé
            волонтерско движење. 
                 
              
                 
             
            Специјална
            Олимпијада Македонија  
                  
            Интеграцијата и социјализацијата
            видно се манифестираат преку успешна
            реализација на комплексните
            манифестации, каде што доаѓаат до
            израз не само личниот развој и
            достигнувања на поединците и
            тимовите, туку и подадената рака од
            сите нас, од сите оние што
            учествуваат во градењето на свесно,
            демократско и вистински подеднакво
            општество. Поединечните и вкупните
            резултати го покажуваат тоа.
              
 |