Втори
национални Специјални Олимписки
Летни Игри
(5 - 8 јули 2005
г.)
Специјалната
Олимпијада Македонија по вторпат, на
спортските терени во Струга (кај х. “Еуротел”),
во периодот од 05 до 08 јули 2005 г., ги
организира и успешно ги релизира
Вторите Националните летни игри на
СОМ за лицата со интелектуална
попреченост и комбинирани пречки во
развојот.
На
оваа голема и комплексна
манифестација зедоа учество близу 400
учесници од кои преку 200 атлети од 16
СОМ Клубови ширум Републиката, 100
волонтери, тренери, експерти,
медицински лица, како и други
лица за помош и поддршка. На овие Игри
покрај четиридневното спортување,
атлетите - спортисти се забавуваа и
се дружеа во Градот на поезијата -
Струга, при тоа имплементирајќи ги
основните заложби и мисија на СОМ.
Мотивирани да ги
покажат способностите и вештините
стекнати преку целогодишните
тренинзи и обуки, атлетите се
натпреваруваа во четири спорта, и тоа:
фудбал (во две дивизии), кошарка (во
една дивизија), пинг- понг (во три
дивизии) и атлетика во неколку
дисциплини и дивизии. Практично, со
комплексниот систем на
дивизионирање им овозможивме на сите
спортисти подеднакви предуслови за
рамноправно и фер натпреварување.
На тој начин, на сите
спортисти им беше овозможено
квалитетно натпреварување;
со изедначено групирање според
покажаните резултати од
претквалификационите натпревари, и
на поквалитетните (повешти и
поспособни), а и
на
спортистите со пониско ниво на
способности, им овозможивме услови
за
рамноправно и фер учество во игрите.
Исто така, тоа што е
особено значајно да се истакне (посебно
врзано за воспоставување на цврста
социјално-интегрирачка врска), е
фактот дека во фудбалот и кошарката
натпреварувачките екипи беа од типот
на УНИФИЕД
(атлети и партнери),
а имаше и гости - учесници за првпат:
екипата од ОУ “Д.Х.Димов” од Скопје и
екипата “Пролетер” од Македонски
Брод. Водени и поттикнати од
натпреварувачкиот дух, сите атлети
го даваа максимумот од себе, а тоа
подоцна резултираше со постигнување
на извонредни
резултати.
Тоа
за што мечтаевме, тоа што го
зацртавме и на многумина им дадовме
надеж, верба и мотив за живеење, тоа
што им го ветивме на нашите сограѓани...
тоа и го исполнивме!
<
претходен настан
| галерија | нареден
настан >
|