Дипломатско
хуманитарен турнир
(јуни 2005
г.)
Специјалната Олимпијада -
Македонија во соработка со Фудбалската
Федерација на Македонија, МНР на РМ и
амбасадите на САД, Русија, Италија,
Турција, Велика Британија, како и
НАТО и ОБСЕ, во периодот од 5 мај до 1
јуни, организира и реализира серија
фудбалски натпревари помеѓу екипи,
составени од дипломати од наведените
амбасади, МНР и МО.
Финалниот
хуманитарен турнир се одржа на 4 јуни
(сабота), во спортската сала “Расадник”
- Кисела
Вода. На овој
турнир покрај финалните
натпревари за прво и трето место, се
одигра и ревијален
натпревар помеѓу репрезентациите на
СО Македонија и Дипломатскиот кор.
Репрезентацијата на СО Македонија се
закити со медал откако успеа 8 пати да
ја затресе мрежата на противникот.
Овој турнир беше збогатен и со
забавна програма во која учество
зедоа атлети од СОМ клубовите од
Македонија (Демир Капија, Неготино
итн.) и Дејан Попов - музичкиот
амбасадор на СОМ.
<
претходен настан
| галерија | нареден
настан >
|