| 
               
              
            Атлетско
            фудбалски митинг 
              
            (мај 2005
            г.) 
              
               
                  Врз база на
            годишната програма на СОМ,
            зацртаните заложби за активно
            вклучување на други спортови, ширење
            на СОМ мрежата низ Македонија и
            правилно и рамноправно промовирање
            на нашите заеднички заложби во
            локалните заедници, на крајот на
            месец мај се реализира уште една
            голема спортска манифестација, во
            организација на СО Македонија, а
            главен  координатор
            и соорга-низатор беше СОМ Клубот при
            ПОУ “Маца Овчарова” од Велес.
            
             
             
            
             
                  Големиот атлетско-фудбалски
            митинг се одржа на 25 мај на Градскиот
            стадион во Велес. Околу 220 атлети од 16
            СОМ клубови од Републиката, ги
            покажаа своите способности и се
            натпреваруваа во фудбал и неколку
            атлетски дисциплини. Од посебно
            значење е тоа што истовремено се
            одвиваа натпревари на четири
            спортски терени согласно со
            националните и интернационалните
            стандарди.
            
             
             
            
             
                 
            Реализирајќи го овој прекрасен
            настан со преку 400 партиципиенти,
            уште еднаш ја запознавме
            македонската јавност со мисијата на
            Специјалната Олимпијада - среќни и
            задоволни лица на многу атлети,
            забава, социјализација и интеграција
            на атлетите/лицата со посебни
            потреби заедно со волонтерите,
            познати естрадни уметници, јавни и
            медиумски личности.
               
              
            <
            претходен настан 
            |  галерија  |  нареден
            настан > 
           |