Европска
фудбалска недела
(април
2005
г.)
Во рамките на веќе
традиционалната и голема
паневропска манифестација “Европската
фудбалска недела”, што е во рамките
на сеопфатните европски заложби на
СО и националните СО програми за
поголем развој на овој спорт, во
координација со УЕФА, Фондацијата на
Јохан Кројф, како и националните
федерации, а под покровителство на
Агенцијата за млади и спорт, по
третпат и нашава земја се вклучи во
реализацијата на планираните
заеднички активности.
Подготвителните
активности за оваа манифестација
отпочнаа уште во текот на март (интензивен
тренажен процес, обука
и контролни натпревари),
продолжувајќи во април со повеќе
одиграни натпревари помеѓу екипи од
Специјалната Олимпијада - Македонија,
како и неколку ревијални натпревари,
а завршија со голем пролетен
НАЦИОНАЛЕН ФУДБАЛСКИ ТУРНИР. Од
посебно значење за сите е тоа што
оваа година турнирот беше во
заедничка организација на СО
Македонија и СОМ Клубот ”Пелистер”
од Битола.
Турнирот
се одржа на 28 април на Градскиот
стадион
”Тумбе
кафе”
во Битола. Учество зедоа 22 екипи во
официјалниот дел и 8 екипи во
ревијалниот дел од цела Македонија,
односно преку 300 атлети, како и голем
број стручни лица, волонтери, фамилии
и др.
Особено сме
задоволни што на овој турнир беа
промовирани новиот Амбасадор за
фудбал на СО Македонија, Ѓоко
Хаџиевски, како и Амбасадорот за
музика на СО Македонија, новата
македонска музичка ѕвезда, Дејан
Попов. Репрезентацијата на СО
Македонија, која е европски првак во
фудбал, одигра ревијални натпревари
со поранешни и сегашни
репрезентативци на Македонија, како
и со младинците на ФК ”Пелистер”
од Битола.
Ова беше уште една убава можност
сите
наши атлети да ги покажат на
практичен начин стекнатите вештини,
способности, можностите и
достигнувањата.
<
претходен настан
| галерија | нареден
настан >
|