Светски ден на хендикепираните лица

   (4 декември 2004 г.)

 

 

Ревијален фудбалски натпревар СОМ – Дипломати

 

      Во организација на Специјалната Олимпијада Македонија и еден од многу активните локални клубови, клубот на СОМ при Специјалниот завод Демир Капија”, на 4 декември 2004 г., на Градскиот стадион во Демир Капија, беше одржан ревијален ДИПЛОМАТСКО-ХУМАНИТАРЕН фудбалски натпревар.

 

      Натпреварот се одигра помеѓу фудбалската Unified репрезентација на СО Македонија, во чии редови настапуваа поголемиот број на атлети што зедоа учество на Меѓународниот европски фудбалски турнир 11-a side во Анталија, Турција и екипата Дипломати”, составена од членови на Министерството за надворешни работи на РМ, членови на странските амбасади во РМ и меѓународните мисии во РМ (ПРОКСИМАи др). Настанот беше проследен од страна на повеќе медиуми и гледачи (повеќе од 1.000), претставувајќи топ вест на денот, а дел од националните медиуми со восхит истакнуваа дека на настанот присуствувале повеќе посетители отколку на некој првенствен натпревар од Националните лиги на РМ!

 

      По завршувањето на натпреварот беше направена посета на Специјалниот завод Демир Капија”. За време на посетата беа разгледани уметничките ракотворби изработени од страна на штитениците на заводот. На крајот, за сите присутни беше изведена мала приредба со неколку музички точки.

 

 

< претходен настан  |  галерија  |  нареден настан >

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.