|
Европска
недела во кошарка
(декември
2004
г.)
За прв пат, на пан-европско ниво и
во партнерство со ФИБА Европа,
европските национални програми на
Специјална Олимпијада реализираа
сеопфатни и координирани активности
насочени кон еден многу интересен
спорт - кошарката, спорт кој за жал на
многумина, не го добивал местото што
навистина го заслужува.
Со
особено задоволство сакаме да
истакнеме дека и ние, на ниво на цела
Република, презедовме соодветни
програм-ски активности за поголема
популаризација на овој спорт помеѓу
лицата со ментален хендикеп и нивно
активно вклучување во тренажен и
натпреварувачки процес. При тоа,
покрај групата на волонтери и
тренери што биле вклучувани и во
други спортови, особено е значајно
што активно се вклучија многу
сегашни и бивши кошаркари и други
спортски работници (д-р Васил
Тупурковски, д-р Драгољуб Арсов, Пеце
Наумовски, Ѓорѓи Војновиќ, Јорданчо
Давитков и др.), како и цели аматерски
и професионални тимови. Соодветен
придонес дадоа и големиот број судии
(помеѓу нив и со ФИБА лиценца),
експерти и други официјални лица,
како и студенти од факултетите за
дефектологија и физичка култура.
Наедно, со формалното
потпишување на посебни повелби со
Македонскиот Олимписки Комитет,
Факултетот за физичка култура и
Кошаркарската федерација на
Македонија, беше искажана
несомнената готовност на
етаблираните институции за
системска и институционална
поддршка и помош на Специјалната
Олимпијада Македонија во сите насоки
на правилна реализација на
зацртаните планови и општата мисија.
Официјално, оваа манифестација
отпочна во ноември со одигрување на
поединечни натпревари помеѓу екипи
од СО Македонија како и присуство на
различни кошаркарски натпревари.
Одбележувајќи ја двегодишнината од
формалното постоење на СОМ во
Македонија на 17 декември 2004 г. во
спортската сала “Јане Сандански” во
Скопје се одржа и еден посебен, голем
кошаркарски турнир.
Учество
на овој турнир зедоа 16 екипи од цела
Македонија, вклучувајќи преку 200
атлети - спортисти на СО Македонија,
како и партнери - други кошаркари,
предводени од младинската екипа на
МЗТ Скопје. Покрај нив, во
придружните програмски активности,
учествуваа и голем број на други лица
со интелектуална попреченост,
пријатели, доброволци, естрадни
ѕвезди, членови на фамилии и други
поддржувачи.
<
претходен настан
| галерија | нареден
настан >
|
|