|
Меѓународен
турнир во фудбал - Анталија, Турција
(октомври
2004
г.)
Фудбалската
репрезентација на СО Македонија за
прв пат зеде учество и на
меѓународниот турнир во голем фудбал
кој беше организиран од страна на СО
Турција и СОЕЕА на ниво на регионот
Европа/Евроазија.
На овој турнир, на кој беше
планирано да учествуваат 16 екипи/земји,
по откажувањето на некои од нив,
учествуваа 12 екипи од 9 земји: Турција
(настапи со 3 тима A, B и C), Русија,
Полска, Македонија, Унгарија, Данска,
Кипар, Босна и Херцеговина, Белгија и
Австрија. Тимовите беа поделени во
две дивизиони групи, според
квалитетот на досегашнот рејтинг, а
нашиот тим беше во првата дивизија.
Делегација на СО Македонија беше
составена од вкупно 20 членови, и тоа:
16 атлети од повеќе клубови на СОМ
ширум Републиката, 1 водач на
делегацијата, 1 главен тренер и 2
тренери - помошници.
Самото
гостување и учеството на
делегацијата на СО Македонија на
еден ваков турнир е од големо значење
не само за атлетите, тренерите и
другите членови на делегацијата,
туку и за сите други атлети и клубови
на СОМ во Македонија. Јасно чувствувајќи
ја тежината а воедно убавината на
големиот фудбал,
сите се здобија со нови
искуства на спортското поле, но не
изостанаа и сите други сегменти:
дружење, смеа, забава, посета на
културно-историски знаменитости, а
пред сè
креирање на нови трајни познанства.
Имајќи предвид дека ова е наше
прво искуство во играње голем фудбал
на вака значајно првенство, на крајот,
со освоеното 5 место на ниво на
регионот Европа-Евроазија,
фудбалскиот тим на СО Македонија
успеа да се закити со уште еден голем
успех.
<
претходен настан
| галерија | нареден
настан >
|
|