Први национални летни игри на СОМ - Струга

   (јуни 2004 г.)

 

 

      На спортските терени во Струга се одржаа првите Национални летни олимписки игри за лица со посебни потреби во организација на Специјалната Олимпијада - Македонија. Повеќе од 250 атлети имаа можност да ги покажат своите стекнати вештини и способности во 5 спорта и тоа: атлетика, кошарка, фудбал, пинг-понг и пливање.

 

      Првите национални летни олимписки игри беа   најголемата спортска манифестација кај нас во 2004 г., во која беа вклучени околу 500 учесници, од кои повеќе од стотина беа волонтери, тренери, експерти, помошен персонал, медицински екипи и други лица. Повеќе од 250 атлети четири дена спортуваа, се забавуваа и се дружеа во Струга. За прв пат, покрај екипите од нашата држава, имаше и гости од странство: Специјалната Олимпијада Босна и Херцеговина, Специјалната Олимпијада Србија и Црна Гора и Специјалната Олимпијада Бугарија, а присуствуваше и високиот претставник на СОЕЕА од Брисел, г-динот Христо Велков. Тука мора да истакнеме дека, на огромно задоволоство на сите членови на СО Македонија, нашите Први НЛОИ побудија голем интерес кај многу странски програми на СО, за коишто свое учество најавија и екипи од СО на Грција, Кипар, Романија, Косово, Албанија, Либан, Јордан, Ирак, Саудиска Арабија, Бахреин, Турција, Словенија и Хрватска. Меѓутоа, пред самиот почетокот на Игрите, поради разни техничко-организациони предуслови, нивното присуство беше откажано.

 

      Покрај ова, мора да се истакне и дека во рамките на првите Национални летни игри се организираше Првиот голем и сеопфатен стручен семинар за обука на тренери (Train-the-Trainers) кој беше координиран од експертот на СОЕЕА, г-дин Матјаж Бариќ од Специјалната Олимпијада Словенија. На семинарот учествуваа повеќе од 30 партиципиенти, а целта беше, преку давање соодветна стручна обука, да се подигне нивото на индивидуалната и клупската стручна работа, особено во спортскиот домен.

 

      Во таа насока, како и имајќи за цел обучените тренери да продожат да ја шират работата и мисијата на Специјалната Олимпијада, а придржувајќи им се на зацртаните високи стандарди за стручност, по добиената обука учесниците се здобија со звање Сертифициран тренер на СО.

 

 

< претходен настан  |  галерија  |  нареден настан >

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.