| 
           | 
          
               
              
            
            Хуманитарно-Донаторска Акција - 
            ТЦ „РАМСТОР“ 
              
            (септември • 
            декември 2006 г.) 
              
                  
            Мисијата и целта на Специјалната Олимпијада - 
            Македонија е правилна интеграција и социјализација на лицата со 
            посебни потреби преку спорт/спортски активности. Меѓутоа, покрај 
            обезбедувањето и реализацијата на соодветните спортски активности, 
            нашата цел и мисија ја реализираме и остваруваме и преку многу други 
            анктивности од различен карактер; од образовен, социјален, 
            културно-забавен, уметнички, рекреативен итн....  
            
                  
            Една таква активност е прекрасниот и комплексен проект • 
            Хуманитарно-Донаторската Акција - ТЦ „РАМСТОР“ • што СО 
            Македонија започна да го реализира од крајот на септември 2006 
            година, а кој се уште трае. СО Македонија има свој павиљон, односно 
            Хуманитарно-донаторски катче во 
            
            ТЦ „Рамстор“
            во Скопје, а 
            кој е дел оd 
            огромниот светски гигант - KOÇ HOLDING.
            Овој комплексен проект има неколку цели: директно 
            запознавање на граѓаните со нашите спортисти - лица со интелектуална 
            попреченост, претставување на граѓаните и нивно запознавање со 
            програмските определби, заложби и филозофијата на Специјалната 
            Олимпијада и практичната примена на мисисјата, практичен пример за 
            правилна интеграција и социјализација на нашите членови-спортисти, 
            како и обид за обезбедување на средства наменети за реализација на 
            планираните годишни програмски активности, проекти, турнири и игри. 
            Меѓутоа, покрај ова, секако една од најважните цели, посебно што се 
            однесува на долгорочен плани и влијание е подигнувањето на јавната 
            свест кај граѓаните за нивни похуман и поактивен удел во животот и 
            активностите на лицата со посебни потреби. 
            
                  
            Во Хуманитарно-Донаторското катче лицата со посебни потреби, 
            всушност лицата со специјални способности, ги изложуваат своите 
            ракотворби (обетки, ланчиња, алки, цртежи и други ракотворби и 
            дребулии), а уште позначајно е тоа што овие нивни ракотворби ги 
            изработуваат на „лице-место“, во рамките на самото катче. Во 
            изработката овие ракотворби, на овие лица им помагаат голем број на 
            волонтери, а што е уште позначајно, ним секојдноевно им се 
            приклучуваат и учествуваат во изработката на ракотворбите и деца од 
            неколку Основни училишта, заеднички изработувајки вистински 
            мајсторски ремек-дела. 
            
                   
            Во рамките на оваа Хумантирано-Донаторска Акција, традиционално 
            секој четврток се организираат мини перформарски со учество на 
            познати естрадни ѕвезди, уметници, артсти од опера, театар и многу 
            други јавни познати личности. Меѓу долгата листа на учесници беа 
            Јасмина Чакар и Христо Арсов, етно групата „Монистра“, Тони Шоу, 
            Горан и Кристина, групата „Плус-Минус“, Лени, Дени, Искра Трпева, 
            Ноне, Нора, Бени и многу други. Секако, посебен акцент на сето ова 
            му даваше нашиот Амбасадорот за музика на СОМ, Дејан Попов, а сето 
            тоа вешто го водеше и ја зближување публиката со нашите спортисти, 
            ѕвездата на сите деца - Нора. При ваквите перофрманси, многу често 
            на лице место се изведуваа и многу други активности од културен и 
            уметнички карактер (поезија, цртање, глума и сл.), како и 
            прославувани беа родендени на нашите спортисти. На овој начин, не 
            само што лицата со посебни потреби имаат можност да запонзаат, да се 
            забавуваат и да се дружат со овие познати личности, туку и меѓусебно 
            алтивно да се зближуваат, а со тоа да ги рушат и надминуваат 
            традиционално поставените догми и бариери. Секако, во тоа им 
            помагаат многубројните граѓањни и посетители коишто секогаш во голем 
            број се присутни на нашите забави, давајѓи им/ни ја неопходната 
            поддршка, енергија и мотивација да истраеме во реализацијата на 
            нашите благородни и хумани опредлеби, програм и заложби. 
            
                  
            Покрај сите овие многубројни активности, во рамките на овој 
            комплексен проект се реализира уште еден под-проект, т.е. 
            ART-STREET. Целта на овој мини проект е директно и 
            практично запознавање на лицата со посебни потреби со уметноста и 
            културата. Имено, на ХД катче се изложени разни дела: книги од ИК 
            „КУЛТУРА“ и ИК „МАГОР“ од Скопје, како и разни книги донирани од 
            граѓаните на Република Македонија, потоа уметнички дела на Алмир, 
            Филип Кондовски, Катерина Ристова, Внјамин Хаџи-Наумов, Александра 
            Хаџи-Наумова, како и многу други дела од различни уметници кои се 
            донирани од страна на граѓанството на Република Македонија. 
            
                  
            Во реализацијата и артикулирањето на овој комплексен проект, активно 
            учество земаат подеднакво сите медиуми 
            кои соодветно известуваат за сето она што секојдневно/неделно се 
            случува, но сепак, посебно мораме да го издвоиме огромниот придонес 
            што за сето ова ни го дава најгледаниот медиум во Македонија - А1 
            Телевизијата, предводена од екипата на „Рано.Ден...“, контактната 
            програма која секојдневно се имитира на А1-ТВ, а во чиишто рамки, СО 
            Македонија има свој значаен удел. Имено, секој понеделник, од 
            7.35-7.55 часот, СО Македонија има „своја“ емисија, т.е. свој 
            медиумски простор преку кој ги претставуваа сите овие активности, 
            помагачи, ѕвезди, јавни личности, донатори, поддржувачи и обични 
            граѓани. 
            
                 
            Користиоме прилика посебно се заблагодаруваме на менаџментот на ТЦ 
            „РАМСТОР“ за отстапениот простор и за разбирањето на нашите потреби 
            и определби; на А1-ТВ за вештото и континуирано медиумско 
            „покривање“ на овој настан, како и насите сите кои што го дадоа 
            својот придонес за успешна реализација на овој проект: СисКон,
            Siemens, Lions Clubs Macedonia,
            ФЕНИ Индустриес, ресторан „Џино“, „Кожувчанка“, 
            Време, Шпиц, Вечер, Дневник, Утрински Весник, Канал 5, Сител, 
            Граѓански свет, Семеен Магазин,  Антена-5, Спортското Радио,
            Macedonia-On-Line и сите други. 
             
            
                  
            Исто така, им се заблагодаруваме на Фондацијата „Т-Мобиле за 
            Македонија“ и отстапениот борј за донации 070-143-404, како и 
            на сите граѓани на Република Македонија кои ни донираа преку бројот 
            за донации. 
            
            ВИ 
            БЛАГОДАРИМЕ  
            
             
             
                
              
              
            
            <
            претходен настан 
            |  галерија  |  нареден
            настан > 
           | 
          
          
            |