Медиумска кампања - Македонија

   (лето-есен 2006 г. • зима 2007 г.)

 

 

      Покрај реализирањето на многубројните активности и проекти од спортски, едукативен и културно-забавен карактер, големо внимание се посветува и на медиумското покривање (радио, ТВ, дневни весници) на сите тие активности во текот на целата година.

 

      Почнувајќи од месец мај, тимот на СО Македонија започна со голема медиуска кампања низ целата територија на Република Македонија. Покрај вообичаеното медиумско покривање, се отпочна со емитување на  циклус - емисии за СО Македонија, во живо секој понеделник на А1 ТВ (една од најпопуларните и најмоќна Национална телевизиска куќа).

 

      Во овие дваесетминутни емисии се презентираат атлетите на СОМ, нивните резултати и постигнувања, животни приказни, промовирање на секојдневни и идни програмски активности, планови и проекти, спонзори/донатори, и др. Секако, со ваквиот начин на промовирање на СО Македонија, се настојува уште подобро да се запознае македонската јавност со целта и мисијата на СО Македонија, да се запознае со можностите и способностите на лицата со посебни потреби, со нивните постигнувања, да се подигне јавната свест на уште повисоко ниво, како би можеле сите да се приклучат кон спроведување и реализирање на мисијата на Специјалната Олимпијада Македонија.

 

 

< претходен настан  |  галерија

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.