Први национални Специјални Олимписки Игри
-
Пирот, Србија
(јуни 2005
г.)
Во периодот помеѓу 24
- 27 јуни 2006 г. се одржаа Првите
Национални Специјални Олимписки
Игри на Специјалната Олимпијада
Србија. На овие игри беа учество
земаа 10 делегации од различни
градови од СиЦГ, и делегација на СО
Македонија и СО Бугарија.
На
Игрите се одвиваа спортски
натпревари во четири дисциплини, и
тоа: кошарка, фудбал, пинг понг и
атлетика. Спортистите на СО
Македонија се натпреваруваа во сите
спортови и постигнаа значителни
резултати, и тоа: сребрен медал во
фудбал, сребрен медал во
кошарка и еден бронзен медал во
атлетика. Ова е голем успех за нашите
спортисти земајќи предвид дека скоро
сите спортисти од нашата делегација
беа со умерено и потешко ниво на
способности.
Исто така, уште еден голем успех
за СО Македонија е и тоа што не само
што нашиот национален програм беше
посочуван како пример на Балканот
во однос на организацијата на
вакви и слични настани туку и дел од
нашиата делегација активно беше
вклучен во техничко -
организациониот сегмент за време на
реализацијата на Игрите на СО Србија.
<
претходен настан
| галерија | нареден
настан >
|