Европска Кошаркарска Недела - Кавадарци 2006

   (октомври-декември 2006 г. • Националнен турнир 2-12-2006 г.)

 

      Традиционално, веќе трета година, и СО Македонија е интегрален дел и вклучена е во реализирањето на Пан-европската манифестација • Европската кошаркарска недела 2006 • во чиишто рамки низ цела Европа се одржуваат различни активности во периодот од 25 ноември до 03 декември 2006 год.

      Во рамките на оваа манифестација • 2006 European Basketball Week • и на територијата на Република Македонија во подолг период (октомври-декември 2006) се реализираа бројни активности со/и за лицата со интелектуална попреченост. Во продолжение накратко ќе можете да се запознаете со предвидените и реализирани активности, а ќе дадеме посебен осврт на најголемиот и најзначаен сегмент, прекрасниот настан

 

  Трет Национален Кошаркарски Турнир - Кавадарци 2006 •

(превземете го Извештајот)

      По завршувањето на сите подготвителни активности, обука и тренинзи, како и бројните поединечни и меѓуклупски натпревари, следење на кошаркарски натпревари и другите активности кои што се реализираа во рамките на 2006 ЕКН, го реализиравме и долго подготвуваниот, најавуван и очекуван голем Трет Национален Кошаркаски Турнир - Кавадарци 2006, кој беше во пресрет на Светскиот ден на хендикепт, воедно на најубав начин одбележувајќи го.

      Големиот Национален кошаркарски турнир овој пат се одржа во Кавадарци, на 2 декември 2006 г., град во кој кошаркарта традиционално е на завидно високо ниво, град од каде што потекнуваат повеќе поранешни и сегашни кошаркарски репрезентативци на Македонија. Организацијата на овој настан беше во рацете на оперативниот тим на СО Македонија и локалниот спортски клуб - СОМ „Страшо Пинџур“ од Кавадарци.

      На овој турнир учество зедоа 20 екипи, односно 350 лица со посебни потреби од цела Република Македонија, од кои 250 спортисти на СО Македонија учествуваа во спортскиот дел, а околу 100 во културно-забавниот дел.

      Согласно правилата на Специјална Олимпијада и СО Македонија, а врз база на претходно направените анализи, спортистите беа поделени во четири дивизии со што практично, врз база на применаста на комплексниот систем на дивизионирање, на сите спортисти им беа овозможени подеднакви услови за рамноправни и фер натпреварување.

      Она што е особено значајно да се истакне, посебно врзано за воспоставување на трајна социјално-интегрирачка врска, е фактот што натпреварувачките екипи беа од UNIFIED® карактер (атлети и партнери). На нашите спортсти партнери им беа волонтери-кошаркари од аматерски и професионални кошаркарски клубови од локалниот град кои на најдобар можен начин ја прифатија и применуваа целта на ваквиот начин ан спортско-социјална интеграција. Водени и поттикнати од натпреварувачкиот дух, како и од поддршката и помошта добиена од големиот број волонтери, кошаркари, официјални лица и спортски ентузијасти, атлетите не се штедеа, го даваа максимумот од себе, а тоа подоцна резултираше со постигнување на извонредни резултати. Сите тие, на најубав начин уште еднаш ги покажаа своите стекнати вештини и способности, а сите заедно и овој пат и покажаа на целата македонска јавност (па и пошироко) дека не се „лица со посебни потреби“ - туку дека се лица со особени способности: рамноправен, интегрален и социјализиран дел од ова и секое општество!

      Покрај спортскиот дел, за врема на турнирот спортистите ги изразуваа и другите свои можности: афинитети, способности и потенцијали и во уметничко-креативните работлиници. Беа изработувани дела од најразличен карактер: маски, предмети од хартија, оригами и илустрирани цртежи на слободни теми. За таа намена беа обезбедени, адекватнои обучени и подготвени многу волонтери-експерти, а помеѓу кои имаше и специјално обучени и вклучени наши атлети. Организациоскиот тим ги обезбеди сите потребни материјали, производи, опрема и други помагала за потребите на овие креативни работилници.

      Секако, неизоставен на сите големи настани е и забавата, дружењето и разменувањето на искуства, па и размена на некоја раомантично-емотивна искра помеѓу спортистите на СО Македонија. Исто така, тука е и неизбежното запознавање и дружење со познати лица од јавниот живот, како и со естрадни спортски ѕвезди. За таа цел беа предвидени и реализирани голем број содржини; од средби и разговори, пеење, танцување, настапи на ритмички и балетски групи, па се до поединечни и заеднички настапи на нашите атлети.

     Со пригодна свечена церемонија официјално беше одбележан Третиот Национален Кошаркарски Турнир - Кавадарци 2006,  а со поздравен говор на присутните им со обрати и  со спортистите помина подолг период во разговор, Градоначалникот на Квадарци, господинот Панчо Минов. Од особено значење за сите присутни беше заложбата на Градоначалникот Минов да се истрае во реализацијата на ваквиот високиот степен на инклузија, да се продолжи започната традиција на реализирање на вакви и слични турнири, како и срдечната покана, како добри домаѓини, и летните Национални Игри да ги одржиме во Кавадарци.

      Секако, она што предизвика ерупција на вистински задоволоства и радост беше повеѓечасовното дружење со музичкиот Амбасадор на СОМ, Дејан Попов, и неговата атрактивна колешка од естрадата Дани, која е воедно и нашата најситакната ѕвезда на познатиот светски музички канал MTV-Adria. Тие, здружени заедно, не се штедеа и успешно ги разиграа срцата на нашите атлети и публиката, предизвикувајќи длабоки пријатни чувства во нивните наивни и искрени души, за кои веруваме дека ќе останат долготрајно длабоко врежани во нивната меморија :-)

      На крај, сите тие заедно ја запејаа својот аомилена песна - химната на СО Македонија: Be My Brother, Be My Friend, и со посакаа искрени желби, пренесувајќи им ги на Оперативниот тим на СО Македонија, вакви настани да има повеќе и почесто.

      За реализацијата на овој комплексен настан, особено сме му благодарни на Генералниот Покровител - FENI Industries од Кавадарци, без чија што несебична помош, ќе имавем огромни потешкотии во реализацијата на истиот.

      Ви благодариме на сите!     

< претходен настан  |  галерија

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.