|
Југоисточни
игри на СО БиХ
(април
2004
г.)
Во рамките на реализацијата на
годишните програмски активности на
Специјалната Олимпијада - Македонија
особено сме задоволни од резултатите
постигнати на изминатите Југоисточни игри на Специјална
олимпијада - Босна и
Херцеговина. На Игрите се одржуваа
спортски натпревари во 4 (четири)
спортски дисциплини: атлетика, пинг-понг,
пливање и фудбал. Ова е посебно
заначајно и заради
тоа што овие Игри се прва поголема
регионална манифестација по
одржувањето на минатогодишните
олимписки игри во Даблин.
На овие Игри зедоа учество спортисти
од 10 земји, меѓу кои и од Република
Македонија. Делегацијата на СОМ, која
ја претставуваше Р. Македонија во БиХ,
ја сочинуваа 35 лица, од кои: 20 атлети
(13 машки и 7 женски спортисти), 6
тренери, 5 членови на фамилии и други
помошници. Репрезентацијата на
Специјалната Олимпијада - Македонија
освои 15 медали, од кои 3 златни, 6
сребрени и 6 бронзени. Ова е навистина
извонреден успех за нашите вредни
атлети, за Репрезентацијата на СОМ и,
воопшто, за нашата држава.
<
претходен настан
| галерија | нареден
настан >
|
|