|
Први национални
зимски игри на СОМ - Попова Шапка
(февруари
2004
г.)
На падините на преубавата Шара, за
првпат се случи и еден сосема нов,
комплексен настан, зимски специјални
олимписки игри фокусирани кон лицата
со интелектуална попреченост и други
пречки во развојот. Ова е посебно
важно поради фактот што за многумина
ова беше и де-факто прва средба со
снег, планина и
зимски спортови. Повеќе од 100 атлети (од
преку 230 учесници) ги покажаа своите
способности во нордиски и алпски
дисциплини, секако, во рамките на
можностите и способностите.
Првите Национални зимски игри на
Спецјалната Олимпијада Македонија,
покрај спортските и натпреварувачки
елементи, внесоа и покажаа многу
суштински елементи во неколку насоки:
на социјално поле, на културно-забавно
поле, а и на образовно. Сето тоа, преку
спорт и забава, доведува до
реализација на зацртаните заложби за
правилна инклузија на овие наши
сограѓани, давајќи им соодветен
простор да ги искажат своите
потенцијали, таленти и способности.
Дека
Игрите се од огромно значење и
важност за македонското општество,
организирани на високо хумано и
професионално ниво од страна на
Специјалната Олимпијада Македонија,
а под покровителство на Агенцијата
за млади и спорт при Владата на РМ,
претставувана од Директорот - Ѓорѓи Трајчев,
покажува и податокот дека огромна
чест и призаниние на сите лица
вклучени во оваа манифестација, со
своето присуство им оддадоа голем
број на високи државни и меѓународни
претставници. На посебно место треба
да се истакне присуството на
Претседателот Борис Трајковски.
Покрај големиот број владини
функционери, Градоначалникот на
Тетово - Муртезан Исмаили,
претставници на дипломатскиот кор во
РМ, меѓу кои Амбасадорот на САД -
Лоренс Батлер, Амбасадорот на
Норвешка - Даг Халворсен, Првиот
секретар на Амбасадата на Велика
Британија, претставник на Амбасадата
на СР Германија, претставници на ЕУ и
ОБСЕ и многу други поддржувачи и
помагачи оваа, по многу нешта
уникатна и исклучителна
манифестација, привлече многу
гледачи и беше проследена
со огромна медиумска поддршка.
<
претходен настан
| галерија | нареден
настан >
|
|