Летни
светски олимписки игри на СО - Даблин,
Ирска
(јуни 2003
г.)
Репрезентацијата на СО Македонија за
првпат учествуваше на еден ваков
голем настан - Летните светски
олимписки игри, 11ти по ред, кои
што, исто така за првпат, се одржаа
надвор од американскиот континент,
во Даблин, Ирска во периодот од 16 - 29
јуни 2003 г.
На овие игри учество зедоа 170 земји од
целиот свет со преку 7000 спортисти со
ментален хендикеп. Делегацијата на
СО Македонија ја сочинуваа 7 члена и
тоа: 4 спортисти, тренер,
потпретседателот за спорт на СОМ и
националниот директор на СОМ.
Нашите спортисти се натпреваруваа
само во една дисциплина -
атлетика, во која покажувајќи ги
своите способности, и покрај
големата конкуренција, постигнаа
извонредни резултати. Екипата на СО
Македонија од Даблин се врати со 5
олимписки медали, од кои 2 златни, 2
сребрени и 1 бронзен. Но сепак,
највредниот резултат беше чувството
за припадност на едно огромно, со
длабоки благородни чувства,
семејство!
Ова
е навистина голем успех и радост за
СО Македонија и воопшто за целата
држава.
<
претходен настан
| галерија | нареден
настан >
|