Европска
недела во фудбалот
(април 2003
г.)
Меѓу позначајните настани
предвидени и опфатени со веќе
претходно утврдената годишнита
програма на активности на СО
Македонија, беа натпреварите и
турнири во рамките на одбележувањето
на Европската недела во фудбал. Во
периодот од 22 до 26 април 2003 г. се
одигруваа фудбалски натпревари и
помали турнири во повеќе градови на
Македонија.
Најголемата манифестација беше
Големиот финален фудбалски турнир,
организиран за првпат во нашата
држава, а се одржа на 26 април 2003 г. на
Спортскиот центар ЦД КЛУБ МАКИ во
Скопје. Учество зедоа 24 екипи од цела
Македонија (16 машки, 4 женски и 4
мешани), со вкупно преку 160 атлети -
спортисти, како и голем број волонтери, експерти и други стручни
лица.
Спортскиот дел беше збогатен и со
забавна програма, во која беа
вклучени видни личности од естрадата,
пејачи, артисти и танчери (Елена и
Александра Пилева од М2 продукцијата,
Бени и Нон-стоп, Мама бенд и Биба
Додева.
галерија |
нареден
настан >
|