Европска фудбалска недела

   (март - април - мај 2006 г.)

 

 

      Шестата по ред Европска Фудбалска недела на Специјалната Олимпијада се одржа во периодот од 24 април до 3 мај 2006 г., а со фудбалските настани беа опфатени 50.000 натпреварувачи со интелектуална попреченост од 50-ина држави ширум Европа.

 

      2006 Европската фудбалска недела односно оваа голема пан-европска манифестација, традиционално, по четврти пат, се реализираше и на територијата на Република Македонија со координација, поддршка и помош добиена од УЕФА, Фондацијата Јохан Кројф, Фудбалската Федерација на Македонија и Општината Прилеп.

 

      Во рамките на оваа голема програмска активност, во период од два и пол месеци се нижеа и реализираа голем број на обуки, семинари и соодветни тренажни процеси, како и поединечни фудбалски натпревари, неколку мини-турнири, ревијални натпревари, а со кои беа опфатени преку 40 фудбалски екипи од 30-ина клубови на СОМниз целата Република, со вклучени преку 400 спортисти.

 

IV Национален Фудбалски турнир на СО Македонија, април • Прилеп

 

      Круна на сите овие активности беше одржувањето на долго најавуваниот четврти по ред Национален Фудбалски турнир на СО Македонија, шкој беше во организација на СО Македонија и коопрганизација на локалниот Спортски Клуб на СОМ при ОУ “Климент Охридски”  од Прилеп.

 

      Турнирот се одржа на 27 април 2006 г. на Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп,а учество земаа 13 тима од целата Република односно преку 200 спортисти. Спортистите беа поделени во три дивизии, а силите ги одмерија во UNIFIED® фудбал (атлети и партнери). Поттикнати од поддршката и помошта добиена од големиот број на фудбалери, официјални лица, спортски ентузијасти и волонтери, атлетите ги покажаа макотрпно стекнатите вештин ии способности и до последен здив се бореа со својата противничка екипа.

 

      Со ова, уште еднаш се потврдуваат заложбите на нашата мисија дека со правилна работа, пристап и ангажман, давајќи им шанси, обезбедувајќи им соодветни предуслови, охрабрувјќи ги и мотивирајќи ги да истрајат, лицата со интелектуална попреченост се способни за постигнување на фантастични резултати.

 

      Турнирот го отвори Градоначалникот на Прилеп, господинот Марјан Ристески, а на атлетите и останатите присутни им се обратија видни личности од јавниот живот давајќи ја својата поддршка и тоа: господин Харлампие Хаџиристески - Претседател на Фудбалската Федерација на Македонија, господин Ѓоко Хаџиевски - Амбасадор за фудбал на СО Македонија, господин Небојша Давидовски - Потпретседател на УО на СОМ и Претседател на Лајонс зона на Македонија. Со своето присуство овој настан и церемонија го збогатија и: господин Трајко Стаматоски - Почесен член на Фудбалска Федерација на Македонија, господин Никола Гошев - претставник на Mc CANN Ericsson, господин Марјан Стојкоски - спортски директор на ФК Победа, господин Дејан Попов - Амбасадор за музика на СО Македонија, претставници од Дипломатскиот кор и многу други.

 

      По свечената церемонија, се одигра Ревијален натпревар помеѓу UNIFIED® екипата на Дипломатите и UNIFIED® екипата на локалната самоуправа на Прилеп, предводена од Градоначалникот на Прилеп. Атлетите имаа можност да се забавуваат и да го следат овој интересен натпревар, а некои од нив и да заиграат со овие видни личности. Овој натпревар беше круна на целодневните спортски активности, а истовремено и доказ дека спортот е вистинскиот модел за правилна социјализација и интеграција на лицата со посебни потреби. Спортот е она што не поврзува сите.

 

      Покрај спортските активности, спортистите имаа можност и да се забавуваат, да се дружат, да стекнуваат нови пријатели, но и и да ги искажат своите таленти и на парче хартија во креативното катче  предводено од голем број на волонтери.

 

Ревијален фудбалски натпревар Дипломати - СОМ, мај • Скопје

 

      Во рамките на 2006 Европската Фудбалска недела, покрај вообичаените контролни натпревари со претставници од Дипломатскиот кор, на 07 мај 2006 г. се одигра и Ревијален натпревар помеѓу UNIFIED® екипата на СОМ, која беше составена од атлет исо различни нивоа на способности од повеќе СОМ СК Клубови и партнери и екипата на Дипломатите која ја сочинуваа претставници од Министерството за надворешни работи и од неколку амбасади.

 

      Она што е од посебно значење е тоа што атлетите се чувствуваа горди на тоа дека пред себе имаат сериозен противник и во текот на целата игра го даваа максимумот од себе. На крај, натпреварот заврши во корист на СО Македонија, а атлетите беа пресреќни на постигнатиот резултат. Меѓутоа, резултатот и не е толку важен, важен е начинот за остварување на нашата мисија односно социјализацијата и интеграцијата на лицата со интелектуална попреченост.

 

< претходен настан  |  галерија  |  нареден настан >

   

  Специјална Олимпијада Македонија © Сите права се задражани 2006.